Лани забележано зголемување на просечните трошоци за работна сила по час во ЕУ

Макфакс

28/03/2025

12:49

765

Големина на фонт

а а а

Просечните трошоци за работна сила по час во Европската унија се зголемија на 33,5 евра во 2024 година.

Просечните трошоци за работна сила по час во Европската унија лани биле проценети на 33,5 евра, што претставува зголемување во однос на 2023 година кога изнесувале 31,9 евра, објави денеска Евростат.

Најниски трошоци за работна сила на час се забележани во Бугарија – 10,6 евра, Романија 12,5 евра и Унгарија 14,1 евро, а највисоки во Луксембург – 55,2 евра, Данска 50,1 евро и Белгија 48,2 евра.

Гледајќи ги секторите, просечните часовни трошоци за работна сила во индустријата на Европската унија биле 33,9 евра, во градежништвото 30 евра, во услужниот сектор 33,3 евра, во неделовното стопанство (освен јавната администрација) 34,2 евра, пренесува Танјуг.

Двете главни компоненти на трошоците за работна сила се платите и дневниците како и трошоците што не се поврзани со плата, како што се социјалните придонеси на работодавачот.

Учеството на трошоците кои не се поврзани со платите во вкупните трошоци за работна сила во ЕУ е 24,7 отсто.

Најмал удел од овие трошоци е забележан во Романија – 4,8 отсто, Литванија 5,4 отсто, Малта 5,8 отсто, а најголем во Франција – 32,2 отсто и Шведска 31,6 отсто, се додава на веб-страницата на Евростат, пренесува Танјуг.