Системот ЕТИАС кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе стартува на крајот на 2026 година, а целосната примена се очекува во април 2027 година.
Ова е трето одложување на примената на овој систем. Системот првично беше најавено дека ќе се применува од почетокот на 2022 година, а последниот датум беше мај 2025 година.
И македонските граѓани ќе треба да аплицираат за ЕТИАС за влез во земјите членки на ЕУ на краткорочна основа, под 90 дена, за туризам, деловни, транзитни или медицински цели.
Програмата ЕТИАС ќе биде во сила од четвртиот квартал од 2026 година па наваму и е наменета за проверка на патниците кои пристигнуваат од странство како одговор на глобалното зголемување на терористички активности.
Програмата ЕТИАС беше одобрена во 2016 година и ќе бидат потребни четири години за да се развијат потребните системи кои ќе се поврзат со постојните бази на податоци за имиграција и други безбедносни податоци за да се обезбеди нова алатка за проверка низ европските земји.
Во четвртиот квартал од 2026 година, граѓаните од Македонија ќе треба да пополнат апликација ЕТИАС пред да тргнат на пат, а тоа ги вклучува и патниците кои само ќе транзитираат во ЕУ на пат до други дестинации.
Секој македонски државјанин кој сака да влезе во ЕУ повеќе од 90 дена или за други цели освен оние дозволени според програмата ЕТИАС ќе треба да аплицира за шенген виза. Дополнителни детали може да се најдат со посета на https://etias.com/ и користејќи ја проценката на почетната страница.
Се препорачува македонските граѓани да ја пополнат својата апликација ЕТИАС, 96 часа пред датумот на нивното поаѓање. Целосните детали може да се најдат со посета на страницата.
Македонските граѓани можат да очекуваат нивната апликација за ЕТИАС нормално да биде обработена и одобрена во рок од неколку минути, а овластувањето ќе се испраќа по е-пошта во форма на ПДФ документ. Нема потреба да се печатат или презентираат какви било документи бидејќи ЕТИАС се чува електронски, стои во информацијата на страната за системот.