Осум загинати при уривање зграда во Мјанмар, се стравува дека други се заробени

Макфакс

28/03/2025

12:25

831

Големина на фонт

а а а

Осум лица загинаа, а се стравува дека други се заробени, кога зградата во изградба се урна во населено место Пји Ги Тагон во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, околу 13 часот по локално време, изјави сведок за „Гардијан“.

„Целиот град Мандалај ги почувствува последиците од земјотресот. Спасувачките тимови и болниците се преоптоварени. Се задоволуваме со ресурсите што ги имаме во соседството“, рече сведок, кој сакаше да остане анонимен.