Разорен земјотрес го погоди Мјанмар

Макфакс

28/03/2025

08:08

1.626

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 7,7 степени го погоди Мјанмар. Земјотресот е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.

Граѓаните оставаат бројни коментари на веб-страницата на ЕМСЦ, известувајќи дека земјотресот бил многу силно почувствуван во соседна Индија, но и во Тајланд.


Тие велат дека земјотресот траел многу долго.

„Ова е најдолгиот земјотрес во последните години, се нишаше повеќе од вообичаено овде во Тајланд“.