[ВИДЕО] Додик седна до Нетанјаху, дојдоа по него и го преместија

Макфакс

28/03/2025

07:18

3.074

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Република Српска Милорад Додик на социјалната мрежа Икс објави фотографии и видеа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претставувајќи ги како резултат на важна дипломатска средба.

Но, снимките од конференцијата во Ерусалим откриваат малку поинаква ситуација.

На видеото што го објави самиот Додик, шефот на Република Српска, по кого е распишана потерница во БиХ, се гледа како му приоѓа на израелскиот премиер во моментот на пристигнувањето на Нетанјаху, подавајќи му рака и, навидум без покана, седнува веднаш до него.

Тоа видео најверојатно е направено непосредно пред да дојде човек од организацијата да го земе и да го однесе од тоа место. Заминувањето на Додик од своето место до Нетанјаху може да се види на почетокот на следното видео кое во живо беше емитувано на каналот на израелскиот премиер на „Јутјуб“.

За кратко време пред да биде отстранет, Додик успеа да направи неколку фотографии со Нетанјаху, кои секако веднаш ги објави на социјалните мрежи.

Додик веќе беше во Израел кога, како што пишува Ерусалим пост, во таа земја станало познато дека против него е покренато обвинение во Босна и Херцеговина. Тој ја напушти конференцијата во Ерусалим, на која присуствуваше, по само еден час.