[ВИДЕО] Надојдените реки носат луѓе во БиХ: Политичар скокна во водата за да спаси човек

Макфакс

27/03/2025

18:19

3.532

Големина на фонт

а а а

Вистинската драма се одвивала во Тузла кога двајца полицајци и уште едно лице биле однесени од надојдената река, а по двете лица во тек е опсежна потрага, пишува „Аваз“.

Во поширокото подрачје на Тузла продолжува потрагата по две лица, кои изгубиле контрола во коритото на реката Јала. Како што пренесува „Кликс.ба“ од повеќе извори, станува збор за цивил и за полицаец.

Според медиумот, пожарникари, итната помош и полицајци во координирана акција успеале да извлечат едно лице од коритото на реката во Тузла, а се работи за полицаец што учествувал во потера.

Повредениот полицаец е пренесен на Универзитетскиот клинички центар во Тузла, а надлежните служби сѐ уште трагаат по неговиот колега и по уште едно лице.

Овој случај ја вознемири тузланската јавност, а полициската управа на МВР сѐ уште официјално нема соопштено за инцидентот.

Според написите, пратеник во Собранието на кантонот Тузла скокнал во надојдената река за да се обиде да ги спаси полицајците и цивилите што паднале во реката.

Од Министерството за внатрешни работи и врски за „Аваз“ велат дека засега не може да дадат информации и дека состојбата е сериозна.