Многумина не се свесни дека всушност не смеат да консумираат грејпруфт – Еве кој е загрозен

Точка

27/03/2025

08:26

3.614

Големина на фонт

а а а

Многу луѓе не се свесни дека консумирањето грејпфрут може значително да влијае на ефектите на одредени лекови. Неодамна на социјалните мрежи започна расправата во врска со оваа тема.

Имено на Инстаграм почнаа да се споделуваат фотографии од маички со натпис: „Баш си смешен! Благодарам, но не смеам да консумирам грејпфрут“. Оваа навидум хумористична порака збуни многу следбеници, кои го изразија своето изненадување во коментарите и поставуваа прашања за значењето на натписот.


Зошто грејпфрутот е проблематичен?

Грејпфрутот содржи соединенија кои можат да ја попречат работата на ензимите во нашето тело, особено на ензимот CYP3A4 во тенкото црево. Овој ензим е одговорен за разградување на многу лекови. Кога грејпфрутот ја блокира неговата активност, доаѓа до зголемена концентрација на лекот во крвта, што може да ги зајакне ефектите на лекот, но и да го зголеми ризикот од несакани ефекти. На пример, консумирањето грејпфрут со одредени статини (лекови за намалување на холестеролот) може да го зголеми ризикот од оштетување на мускулите и црниот дроб.


Според достапните податоци, грејпфрутот може да влијае на:

Лекови за намалување на холестеролот: аторвастатин, ловастатин, симвастатин

Лекови за висок крвен притисок: фелодипин, нифедипин, лосартан

Одредени антидепресиви и анксиолитици: буспирон, дијазепам, мидазолам

Лекови за срцев ритам: амиодарон, дронедарон

Антихистаминици: фексофенадин

Меѓутоа ова не е комплетната листа, па затоа е важно да се консултирате со лекар или фармацевт за можните интеракции.


Што да направите ако земате лекови?

Ако редовно консумирате грејпфрут или сок од грејпфрут и земате лекови, задолжително проверете дали вашиот лек реагира со грејпфрут и внимавајте на предупредувањата во упатството за лекот. Доколку постои можност за интеракција, најдобро е да се избегнува консумирање на грејпфрут и неговите производи за време на терапијата.