Поинаков свет – Град со најдобар јавен превоз

Точка

24/03/2025

13:57

2.574

Големина на фонт

а а а

Јавниот превоз е еден од поважните фактори кои влијаат на квалитетот на животот во еден град, а судејќи според задоволството на корисниците како и развојот и ефикасноста на мрежата за јавен превоз, Хонгконг може да се пофали со најдобриот јавен градски превоз во светот.

Неговата конкуренција вклучува неколку азиски градови како Шангај и Пекинг, како и скандинавските земји и Швајцарија, а остатокот од светот може да продолжи да ги „губи“ нервите поради лошиот јавен превоз.


Хонгконг речиси го зазема првото место на листата на светските градови со најдобар јавен превоз поради неколку причини, и тоа секако не е случајно. Градскиот јавен транспортен систем е добро развиен, има солидна инфраструктура и се карактеризира со пристапност и голема густина на постојки.


Метрото во Хонгконг или МТР (Mass Transport Railway) е еден од најнапредните метро системи во светот. Секојдневно таму се одвиваат околу 10 милиони патувања, а возовите сообраќаат доволно често што времето на чекање никогаш не надминува неколку минути. Дури и за време на најголеми турканици.


МТР е поврзан и со други форми на јавен превоз, како што се автобуси, трамваи, траекти, па дури и аеродромски трансфери, а неговите патници можат бесконтактно да ги плаќаат билетите, што секако придонесува за намалување на метежот. МТР е и единствениот систем на метро чии платформи се затворени со стакло, т.е. стаклена врата.


МТР се состои од 166 станици каде доцнењата и прекините на сообраќајот се сведени на минимум. Во голема мера благодарение на ефикасниот јавен превоз, Хонгконг има многу ниска стапка на сопственост на автомобили, и иако е огромен град, всушност е приспособен на пешаците.