Новата кинеска студија покажала: Микропластиката се акумулира во белите дробови на птиците

Точка

22/03/2025

19:17

1.553

Големина на фонт

а а а

Новата студија од кинескиот универзитет во Сечуан ги обезбедила првите докази за акумулација на микропластика во белите дробови на повеќе од 50 различни видови птици, пренесе Гардијан.

Истражувачите ги анализирале белите дробови на 51 вид птица кои биле убиени како дел од програмата за минимизирање на нападите на птици на меѓународниот аеродром во Кина, „Тјанфу“, кој е еден од двата меѓународни аеродроми кои го опслужуваат Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан во југозападна Кина.

Тогаш микропластиката била пронајдена во белите дробови на секоја птица.


„Птиците се многу подвижни, еколошки разновидни и имаат уникатни респираторни системи кои ги прават ранливи на загадувачите во воздухот. Нашата цел беше да ја процениме микро и нанопластичната контаминација во белите дробови на птиците и да го процениме нивниот потенцијал како биоиндикатори за загадување од пластика во воздухот“, рече професорот Јонџи Ву од Универзитетот Сичуан, кој ја предводел студијата.

Истражувачите пронашле траги од повеќе од 32 различни видови пластика, вклучувајќи полиетилен, полиуретан, поливинил хлорид (PVC) и бутадиенска гума, која како што објаснил Ву, широко се користи во производството на гуми.

„Триењето на гумите од авиони и возила на блиските патишта може да ослободи честички од бутадиенска гума во воздухот, но потребни се дополнителни студии за следење на изворите за да се потврди ова“, рекол Ву.


Професорот Шејн Дубеј од Универзитетот во Тексас во Арлингтон, кој бил дел од истражувачкиот тим, рекол дека е изненаден од резултатите. „Најизненадувачки беше широко распространетата контаминација кај сите видови примероци, без оглед на големината на телото, преференциите на живеалиштата и навиките во исхраната“.

Микропластиката била пронајдена кај сите проучувани видови, со просечни 416 честички во секој грам белодробно ткиво.

Копнените птици имале поголеми количини микропластика во споредба со водните птици, а големите птици имале поголеми количини од помалите.