Шојгу му се заблагодари на Ким Џонг Ун за поддршката на Русија во војната против Украина

Макфакс

21/03/2025

21:04

924

Големина на фонт

а а а

Секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за неговата континуирана поддршка на Русија во војната против Украина за време на денешната посета, јави руската државна новинска агенција Тасс.

Според американските, јужнокорејските и украинските разузнавачки агенции, Северна Кореја и доставила на Русија големи количества оружје, вклучително и артилерија и балистички ракети и испратила до 12.000 војници да и помогнат на руската војска.



Кон крајот на февруари, јужнокорејската разузнавачка агенција објави дека се чини дека Северна Кореја испратила дополнителни трупи во Русија. Според јужнокорејските медиуми, бројот на новопратени севернокорејски војници се движи меѓу 1.000 и 3.000.