„Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш!“: Сопругата се прости од музичарот Филип Стевановски

Макфакс

20/03/2025

09:40

2.736

Големина на фонт

а а а

Во пожарот во Кочани загина музичарот Филип Стевановски од Куманово, член на бендот „ДНК“.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.

Филип Стевановски неодамна беше назначен и за директор на Центарот за култура во Штип.

Неговата сопруга Ирена Стевановска се огласи на социјалните мрежи и се прости од него со емотивни зборови.

„Твојата светлина беше преголема за овој тажен свет. Свети и сега како најсилна ѕвезда која ќе ја гледаме секогаш и ќе знаеме дека не’ чуваш од небото!

Лора беше твоето се’ , музиката твојот живот, а јас твоето њоњче и ветерот во грб за да достигнеш се’ што имаше замислено.

Среќо моја, Филип мој 💔🩶🖤🤍🕊️


Њоњче мое, ме остави со најголема празнина која не се опишува. Ми остави најголем спомен...

Posted by Ирена Крстевска Стевановска on Wednesday 19 March 2025


Последниот наш настап беше толку радосен и толку многу се смеевме, правеше се’ за да сите бидеме среќни и насмеани.

Вечно ќе те паметиме по твојата голема душа, твојата насмевка што Лоричка ја носи, а јас во таа насмевка ќе те гледам тебе, мил мој.

Мојот живот без тебе веќе е тажен, претажен, но се’ што сме сакале Лора да успее ветувам дека ќе го направам, а знам дека ти ќе ми помогнеш од зад облаците!

Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш!, напиша таа.