Минусни температури во цела држава, утрово најстудено во Берово

Макфакс

20/03/2025

09:37

424

Големина на фонт

а а а

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -9 степени, -7 било во Битола, -6 во Маврови Анови, -5 во Претор, Попова Шапка, Крива Паланка, Струмица, Прилеп и Демир Капија, -4 во Тетово, Скопје-Петровец, Штип, Куманово и Охрид, -3 во Гевгелија, Велес, Крушево и Кавадарци, -2 во Скопје-Зајчев Рид и Виница.

Времето денеска

Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.