Неговата класификација е предмет на бројни шпекулации, а неговата намена останува мистерија. Сепак, Кина сè почесто го тестира својот нов, необично дизајниран авион со напредни карактеристики.
Мистериозниот кинески авион "J-36", за кој се претпоставува дека е невидлив за радарите и претставува шеста генерација борбени авиони, е забележан за време на втор тест-лет, според видеата што кружат на кинеските социјални мрежи.
На една од снимките се гледа како авионот маневрира на мала височина, при што неговите надворешни се јасно видливи, што укажува дека авионот сè уште е во рана фаза на тестирање.
CAC's 6th generation Fighter J-36
— Húrin (@Hurin92) March 17, 2025
Nice turn radius in 2nd clip and a good side profile look https://t.co/PasjNdGUYd pic.twitter.com/JvBreiOgb5
Спорна класификација
"J-36" за првпат беше забележан на 26 декември 2024 година, додека летал над "Chengdu Aircraft Corporation" (CAC). Истовремено, во "Shenyang Aircraft Corporation" (SAC) беше забележан уште еден авион, за кој се претпоставува дека е "J-XX" – друг борбен авион од наредната генерација.
Сепак, останува нејасно дали овој втор модел припаѓа на петтата или шестата генерација и како ќе се вклопи во стратегијата со J-36.
Класификацијата на новите кинески авиони сè уште е предмет на дебати, и во овој момент не може да се потврди дали навистина станува збор за шеста генерација авиони, како што тврди Кина. Според "The Aviationist", се очекува овие авиони да извршуваат повеќе улоги, вклучувајќи доминација во воздухот и координација на бојното поле.
Three more images showing the J-36 during its second flight. pic.twitter.com/B5nAmiyPlg
— @Rupprecht_A (@RupprechtDeino) March 17, 2025
Дизајн и потенцијални можности
Воена аналитичар Андреас Рупрехт сподели фотографија на платформата X, која го прикажува задниот дел на "J-36", каде што се забележуваат светли издуви што личат на механизам за дополнително согорување.
Сепак, Рупрехт предупредува дека автентичноста на оваа слика сè уште не е потврдена.
Потврдените фотографии покажуваат дека авионот има три рамни млазници, два влеза за воздух под крилата и еден дорзален влез (на горниот дел на авионот).
Фотографиите покажуваат црно-сив камуфлажен дизајн, како и поделени контролни површини на задниот раб, кои веројатно функционираат како воздушни сопирачки. Дизајнот на авионот ја нагласува неговата невидливост, аеродинамиката и ефикасноста, потенцијално зголемувајќи ја брзината на проектилите и намалувајќи ја радарската видливост. Се претпоставува дека авионот користи напреден софтвер за контрола на летот за стабилност и маневрирање.
Шпекулации за развојот на моторите
"J-36" може да биде опремен со "WS-10 C" или "WS-15", при што "WS-15" е мотор специјално развиен за невидливиот кинески ловец "J-20".
Некои шпекулации сугерираат дека кинеските инженери развиваат мотори со адаптивен циклус, слични на оние во американската програма за воздушна доминација од следната генерација (NGAD), за да ја зголемат ефикасноста на авионот во различни летачки услови.