Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Москва, каде што дојде да го посети рускиот претседател Владимир Путин, дека Украина веројатно нема да се согласи на привремен прекин на огнот.
Украина веќе се согласи на прекин на огнот во преговорите со САД, но Лукашенко се сомнева во искреноста на нивните намери.
„Кога има прекин на огнот, сè оди тивко и нема движење. Украинците веројатно нема да се согласат на тоа“, им рече тој на новинарите.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Москва дека САД немаат план, мислејќи на прекинот на огнот предложен од Вашингтон.
„Можам со апсолутна сигурност да кажам дека Американците немаат план за конфликтот во Украина. Апсолутно не“, рече тој.
„Тоа што го прават… тестираат. Што сака оваа страна? Што сака другата страна? Ќе разговараме за тоа денеска. Владимир ќе ми каже“, додаде Лукашенко.
Во вторникот во саудискиот град Џеда се одржаа разговори меѓу американската и украинската делегација. По средбата, двете страни издадоа заедничка изјава во која се вели дека Украина е подготвена да прифати 30-дневен прекин на огнот предложен од САД.