Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите со Вашингтон, изјавија за Ројтерс две лица запознаени со ова прашање. Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред прифаќање на барањата, наведува агенцијата.
Руските и американските официјални лица разговараа за условите за време на лични и виртуелни разговори во текот на изминатите три недели, велат изворите. Тие ги опишаа условите на Кремљ како широки и слични на барањата што претходно ги постави кон Украина, САД и НАТО.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американските претставници одат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и патот кон мировните преговори.
Претходните руски услови вклучуваа нечленство на Киев во НАТО, договор да не се распоредува странски војници во Украина и меѓународно признавање на тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Крим и четири провинции и припаѓаат на Русија.