Анри го испофали Луис Енрике: Сите зборуваат за Меси, Нејмар и Мбапе, но клучна е продажбата на друг играч!

Дерби

13/03/2025

12:29

982

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике во вторникот го исполни ветувањето од пред една недела и успеа со својот ПСЖ да го покори „Енфилд Роуд“, стадион на кој францускиот првак навистина направи пресврт во двомеч осминафиналето.

Тимот на Лучо успеа да постигне ран гол и потоа се одбрани од налетите на Ливерпул во регуларниот дел, за потоа да биде подобар во пенал рулетот во кој клучен фактор беше Џиџио Донарума.

Покрај победата, светската јавност остана импресионирана и од начинот на игра на ПСЖ во оваа елиминациска фаза, што според многумина го прави овој тим на Луис Енрике и еден од главните фаворити за највисок пласман.

Пред една или две години, многумина се прашуваа како ќе изгледа овој тим во кој нема ниту една поголема фудбалска ѕвезда, но реалноста покажа дека ПСЖ изгледа подобро без Меси, Нејмар и Мбапе, но и без Марко Верати кој Тјери Анри го посочи како клучна продажба на „светите“.

– Луис Енрике е вистинскиот човек за да го одведе ПСЖ на прав пат, уште повеќе кога се знае какви играчи си заминаа од клубот. Луѓето зборуваат за Меси, Нејмар и Мбапе, но за мене најхрабар потег беше дозволеното заминување на Марко Верати. Тоа се случи за да му се даде простор на Витиња.

– За Витиња да го прави тоа што го прави сега, Луис Енрике беше премногу храбар што го пушти Верати. Витиња игра фудбал на друго ниво во овој момент, – потенцира Анри.