[ФОТО/ВИДЕО] Рајски остров со нереална убавина во една од најопасните земји во светот

Точка

12/03/2025

19:41

1.095

Големина на фонт

а а а

Сокотра е остров со нереална убавина кој се протега на 3.796 квадратни километри во Индискиот Океан.

Тоа е место на неверојатна разновидност: прекрасни плажи и кристално сино море, долги песочни дини кои навидум се протегаат до бесконечност, но и егзотична флора која изгледа како да е од друга планета.


Станува збор за остров кој се смета за дел од Јемен – една од најопасните земји во светот, каде во последните 10 години беснее граѓанска војна, а половина од населението се шета по улиците носејќи оружје.


Затоа не чуди фактот што има малку меѓународни летови до оваа дестинација но и мал број на туристи кои сакаат да го посетат островот.

Мирен живот и спектакуларна природа

Тимот на Јутјуб каналот „Yes, Theory“ е еден од ретките кои не можеле да одолеат на неговиот шарм. Тие ја планирале посета на Сокотра пет години и на крајот биле воодушевени од нереалните пејзажи, но и од топлината и гостопримството на луѓето на островот.



За време на нивната четиридневна посета, тие биле принудени да кампуваат во шатори бидејќи на островот нема ниту еден хотел.

Откриле дека животот во Сокотра е мирен и успорен. Речиси и да нема интернет сигнал, па никој не зјапа во екраните на телефоните и компјутерите, а локалните жители добар дел од денот го поминуваат на отворено.



Поголемиот дел од населението се занимава со риболов и сточарство и на тој начин ги прехрануваат своите семејства. Јадат храна која расте на островот и во околината – храната се дели и се јаде со раце, а жителите тоа го прават додека седат на подот.




Луѓето се поздравуваат со лесно допирање нос со нос. Го употребуваат сокатранскиот јазик, кој денес го зборуваат нешто повеќе од 50 илјади луѓе, а каде и да одат – друштво им прават козите. Инаку на островот Сокотра живеат пет пати повеќе кози отколку луѓе.