Дали некогаш сте се сетиле на нив? 3 јадења кои настанале во времето на најголемата сиромаштија, а се подготвуваат и денес

Точка

11/03/2025

15:20

3.495

Големина на фонт

а а а

Во текот на 1920-тите, американската економија напредувала, а животниот стандард никогаш не бил повисок. Никој не ја очекувал кризата која се случи во 1929 година, позната како Големата депресија.

Удобноста била заменета со банкроти, колапс на банките и компаниите, изгубени заштеди, пад на вредноста на акциите и следствено масовни отпуштања, неконтролиран раст на невработеноста и инфлацијата, бескрајна сиромаштија и – голема криза. Луѓето се снаоѓале како знаеле и умееле, а се штедело на сè. Менијата имале едноставна и храна за сечиј буџет, како што се компири кои се подготвувале на сите можни начини.


Супа од компири


Едноставната, а заситна супа често била на кризните менија, а можете да ја направите и сами со само неколку состојки. Ова е рецептот кој вклучува сланина, но ако сакате поевтина верзија, слободно изоставете ја.

Пита од вода


Еден од најпознатите рецепти од 1930-тите се врати за време на пандемијата, кога тиктокерите споделуваа видео рецепти за пита со вода. Да, добро прочитавте. Откако тестото за пита ќе се размачка во плехот, се прелива вода и потоа без мешање се додава смесата од брашното и шеќерот. Потоа додадете путер исечен на парчиња и по желба ванилата и цимет. По печењето, питата треба да се излади, а оние што ја пробале велат дека има подобар вкус отколку што звучи.

Торта без јајца, путер и млеко


„Wacky cake“, позната и како „Depression cake“, е торта без јајца, путер и млеко. Оваа торта е толку практична што се подготвува и денес. Списокот на состојки вклучува брашно, шеќер, какао и уште неколку состојки кои веројатно ги имате дома. Еве го рецептот.