Каја Калас: Трамп се збунил

Макфакс

21/02/2025

08:22

694

Големина на фонт

а а а

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас, изјави синоќа во Јоханесбург дека американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ги помешал Владимир Путин со Володимир Зеленски кога го обвини украинскиот претседател дека е диктатор.

„Кога го слушнав тоа, мојата прва мисла беше дека тој сигурно се збунил. Затоа што е јасно дека Путин е диктатор“, изјави Каја Калас за новинарите по министерскиот состанок на Г20.

Навраќајќи се на критиките на Трамп, кој го критикуваше отсуството на претседателски избори во Украина, Каја Калас рече дека „не е можно да се организираат избори за време на војна“.

„Има луѓе кои се раселени“, додаде таа по состанокот на министрите од Г-20, во кој се вклучени 19-те најголеми економии во светот, Европската унија и Африканската унија.

Високиот претставник на ЕУ го повика европското население да остане „со ладна глава“.

„Веќе еден месец се будиме со нови изјави, треба да се навикнеме“, додаде таа.

Според неа, рано е да се зборува за испраќање војници на украинска територија, бидејќи се уште нема прекин на огнот, нема мир.