Македонските граѓани кои традиционално ги поминуваат летните одмори на бугарското Црноморе оваа година се соочуваат со значително повисоки цени.
Според новите анализи, летните туристички аранжмани за 2025 година во просек се зголемени за 4,2% во однос на минатата година, но најголемото поскапување е забележано токму во Бугарија – дури 11,5%.
Ова значи дека еднонеделно летување за две лица ќе чини околу 250 евра повеќе од лани.
Големо разочарување
„Секое лето одиме во Несебар, но оваа година ќе размислиме“, ни изјави Горан Стаменков од Скопје, кој веќе 10 години со семејството летува во Несебар, а сега е разочаран од најновите ценовни корекции.
Секоја година одиме во Бугарија бидејќи е блиску и цените беа прифатливи, додава тој.
„Но, ако ова лето треба да платиме 250 евра повеќе, веќе не изгледа толку поволно. Ќе разгледаме други опции, можеби Грција или дури Албанија“, вели Стаменков.
Од туристичките агенции во Македонија велат дека Бугарија секогаш била една од најбараните дестинации, но оваа година интересот е намален.
„Лани многу туристи резервираа однапред за Сончев Брег, Несебар и Златни Песоци, но годинава резервациите се одвиваат побавно.
“Зголемувањето на цените ја прави Бугарија помалку атрактивна во споредба со Албанија и со Грција“, истакнува Јасмина, туристички агент од Скопје.
Поскапување и во Италија, Португалија и Кипар
Покрај Бугарија, значително поскапување е забележано и во Италија, каде што цените на туристичките пакети се зголемени за 7,4%, Португалија со 6,8% и Кипар со 6,4%. Ова значи дека сите овие популарни летни дестинации ќе бидат финансиски потешки за македонските туристи.
„Сонував да одам во Португалија ова лето, но кога ги видов цените, се предомислив. Наместо тоа, ќе барам нешто поблиску, можеби Турција“, споделува Вања Ивановиќ, млада девојка која планирала летен одмор во Лисабон.
За разлика од овие поскапени дестинации, одредени региони во Шпанија, како што се Балеарските и Канарските Острови, забележуваат мало намалување на цените во споредба со лани.
Ова ги прави привлечни за туристите кои бараат поекономично летување.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.