Папата Франциско го продолжува опоравувањето од пневмонија

Макфакс

20/02/2025

19:11

530

Големина на фонт

а а а

Папата Франциско денеска го продолжи опоравувањето од пневмонија, појадувајќи во кревет во болница и работејќи со своите помошници.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, изјави дека тестовите на крвта во средата покажале „благо подобрување“ во здравствената состојба на 88-годишниот папа.

Тој беше примен во болницата Гемели во Рим на 14-ти февруари откако се влоши нападот на бронхитис. Лекарите во вторникот констатирале пневмонија, покрај инфекција на респираторниот тракт. Папата зема комбинација од антибиотици и кортизон за она што лекарите го дијагностицираа како астматичен бронхитис.


Кардиналот Џанфранко Раваси претходно во текот на денот ја коментираше можноста за оставка на прашањето дали Франциско би можел да одлучи да ги следи стапките на папата Бенедикт Шеснаесетти и да се повлече ако премногу се разболи.

„Нема сомнеж дека ако папата се најде во ситуација кога неговата способност да има директен контакт со народот е загрозена, тогаш мислам дека тој би можел да одлучи да поднесе оставка“, рече Раваси.

Кога беше избран папата Франциско, тој напиша писмо со оставка во случај здравствените проблеми да го спречат да ги извршува своите должности.