[ФОТО] Актерот од серијата „Сексот и градот“ снимен по долго време: Фотографиите ги загрижија обожавателите

Точка

20/02/2025

14:59

1.862

Големина на фонт

а а а

Актерот Крис Нот, најпознат по неговата улога во серијата „Сексот и градот“, беше фотографиран во текот на ретко појавување со семејството, а многумина коментираа дека тој сега изгледа непрепознатливо.

70-годишниот актер беше фотографиран со сопругата Тара (45) и нивниот 5-годишен син, а беше облечен во бела кошула и фармерки и поради седата коса и несредената брада, обожавателите коментираа дека тој веќе воопшто не личи на црномурестиот шармер од популарната серија.



Се повлече од јавноста

Инаку, Нот се повлече од јавноста во 2021 година, откако четири жени го обвинија за сексуално вознемирување и силување. Тој ги негираше обвинувањата, но призна дека ја изневерил сопругата. Продуцентите на серијата „And Just Like That …“ и „Тhe Equalizer“ го исфрлија од проектите, а неговата кариера беше ставена во мирување.


Инаку за обвинувањата против Крис проговорија и неговите колешки од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристен Дејвис.


„Многу сме тажни што ги слушнавме обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои се огласија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме дека мора да им било многу тешко да го сторат тоа и ги пофалуваме“, напишаа актерките во заедничката изјава на нивната Инстаграм приказна.