Актерката Оливија Мун откри: Ми беа понудени повеќе од 1 милион долари за да не прозборам за трауматичниот инцидент на филмскиот сет

Точка

20/02/2025

20:09

2.936

Големина на фонт

а а а

Оливија Ман откри за „E!News“ дека ѝ биле понудени повеќе од милион долари за да молчи за проблемот што се случил на филмскиот сет.

Мун е позната по филмовите „X-Men: Apocalypse“, „The Predator“ и „Magic Mike“, но истакна дека одбила една понуда, иако не сакала да открие за кој филмски проект станува збор.

„Имаше некои работи кои се случија на филмскиот сет, а кои навистина не беа во ред. Сето тоа беше толку трауматично што морав да се пожалам во студиото. На крајот ми понудија многу пари, дури седум цифри, за да го прифатам нивното извинување и да го прифатам она што се случи“, рече актерката.

Мун објасни дека парите биле поврзани со НДА договор, документ за доверливоста, а немала никаква намера да зборува за тоа.

„Само сакав сето тоа да помине. Затоа не сакам да зборувам за конкретните работи кои се случија во таа ситуација, само реков дека нема да потпишам НДА. Тие инсистираа дека морам, но ја почувствував дека тоа беше погрешно, додаде таа.

Според актерката, сето ова се случило на самиот почеток на движењето „Me too“ и била загрижена дека филмското студио ќе излезе во јавноста со фактот дека потпишала НДА договор само за пари и за да не прозбори.


„Тоа беше период кога секој кој ќе потпишеше НДА договор беше нападѓан со обвинувања дека тоа го направил само поради пари. Адвокатите на студиото мислеа дека сум луда затоа што не сакав да го потпишам договорот“, рече Оливија и нагласи дека е многу горда на своите постапки.