Едина Муса се оствари во најубавата животна улога: Утринава на свет го донесе бебето Максим

Точка

19/02/2025

22:53

4.588

Големина на фонт

а а а

Поранешната кошаркари Едина Муса и нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка, од утринава се побогати со уште еден член во семејството.

Тие станаа родители на момче, на кое му го дадоа името Максим, чија оригинална форма е Максимус со латинско потекло, што означува моќен, велик.


Муса се породи на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство со Скопје.

Парот името и полот на бебето го открија набрзо откако гордата мајка го покажа трудничкото стомаче, а немаа вообичаено откривање на полот туку Едина објави фотка на Инстаграм, на која седи на фризер, па напиша: „Мајка му на Максим“.


Едина преку Инстаграм стори откри дека станала мајка, каде што и сподели неколку честитки од нејзините најблиски другарки, меѓу кои и Ирина Камилоска и Ангела Спасевска.


„Мојата најубава, најслатка и најневеројатна пријателка штотуку го роди нашиот нов најдобар пријател Максим. Добредојде малечко“, напиша Ирина во својата порака.

До пред самото породување, Едина беше активна трудница, па вежбаше скоро до крајот на бременоста, но со помал интензитет и со помали тежини отколку вообичаено.


Инаку, пред само неколку дена таа сподели фотографии од семејната фотосесија што ја направи со сопругот Александар, каде среќниот пар позираше со своите миленици.