[ВИДЕО] Се развеа македонското знаме среде Белград: Марко Трајаноски со историско злато на Европското првенство во ММА

Макфакс

18/02/2025

16:09

3.468

Големина на фонт

а а а

Македонија испиша историја на Европското првенство во ММА, кое се одржа во Белград, Србија.

Македонскиот репрезентативец Марко Трајаноски, член на клубот „Д Стронгест“ Скопје, го освои првото европско злато за нашата земја, постигнувајќи извонреден успех на најголемата европска сцена во аматерскиот ММА.


Тој освои четири победи против Бугарија, Романија, Украина и Италија за само еден ден.


Овој подвиг е огромен чекор за македонскиот ММА.