Ново шокантно сознание! Откриено што се случува со мажите кои ја силувале Жизел Пелико – Случајот кој ја вознемири Франција

Точка

17/02/2025

22:22

5.944

Големина на фонт

а а а

Поминаа помалку од два месеци откако повеќе од 50 мажи беа прогласени за виновни за силување и злоупотреба на Жизел Пелико, а шест од нив веќе се на слобода.

Жизел Пелико, жената која стана феминистички симбол на борбата против сексуалното насилство во Франција, храбро се држеше во текот на судењето на нејзиниот сопруг и на повеќе од 50 други мажи. Ним им се судеше за силување и дрогирање на Жизел кое траело десет долги години.


Во декември, судот прогласи 51 обвинети за виновни за силување, двајца за обид за силување и двајца за сексуален напад. Шест од осудените беа ослободени во декември поради „лоша здравствена состојба“.

Сандеј тајмс објави дека некои од виновниците веќе се вратиле во своите градови и семејства.


Францускиот закон дозволува затворениците да бидат порано ослободени ако отслужиле половина од казната, а доколку се постари од 70 години, имаат дом во кој можат да се вратат или покажале добро однесување, уште полесно е да бидат пуштени на слобода предвреме.

Еден од осудените наводно отслужил само 11 месеци од неговата петгодишна затворска казна, пренесе Сандеј тајмс.

Повеќе од 20 мажи осудени за силување или сексуален напад на Жизел Пелико, со помош на Доминик Пелико, поднесоа жалба против нивните казни.


Меѓу осудените кои поднеле жалби е и Чарли Або, кој беше осуден на 13 години затвор за силување на Жизел Пелико во шест наврати.

Некои од мажите кои беа осудени тврдеа дека Доминик Пелико „манипулирал со нив“ за да ја силува својата поранешна сопруга и дека не биле свесни оти таа всушност не се согласила на тој вид на сексуален однос. Симон Мекензи (43) е осуден на девет години затвор, а неговиот адвокат Јаник Прат тврдеше дека казната е „несразмерна“ и додаде дека неговиот клиент му рекол дека „никогаш немал намера да ја силува Жизел Пелико“.


Според францускиот закон, идентитетот на жртвите на сексуален напад обично се крие. Сепак, Жизел инсистираше на јавно судење за да бидат разоткриени нејзиниот поранешен сопруг и уште други 50 мажи.

Во знак на солидарност со жените кои не се препознаени како жртви на сексуално насилство, Жизел дозволи печатот да го објави нејзиното целосно име, а судот да покаже експлицитни видеоснимки од злоупотребата кои ги снимил нејзиниот сопруг, на кои се гледа како мажи имаат сексуален однос со неа додека таа била во несвест.


„Решив да не се срамам, ништо лошо не направив. Тие се оние кои треба да се срамат. Не поттикнувам омраза, но решена сум да ги променам работите во ова општество“, рече таа.