Трилече е еден од најсочните колачи, чиишто главни состојки се млекото и карамелата. Но, доколку не сакате карамела или едноставно сакате да пробате нешто ново, сè попопуларниот крем од ф’стаци би можел да биде добра замена.
Кремот од ф’стаци е популарна намирница во последно време, со оглед на тоа дека е една од главните состојки на Дубаи чоколадото, а доколку сте љубители на сочни, меки бисквити и десерти без чоколадо, дајте му шанса на трилечето со ф’стаци.
Исто така, на крајот овој десерт можете да го декорирате и со сечкани ф’стаци.
150 грама брашно
половина кесичка прашок за печиво
шест јајца
120 грама шеќер
две кесички ванилин шеќер
800 милилитри млеко + 50 грама шеќер
500 милилитри слатка павлака
две лажици крем од ф’стаци
За почеток, одвојте ги белките од жолчките. Матете ги белките додека да добиете цврст снег, а потоа додадете го шеќерот и продолжете со матење додека шеќерот се растопи. Потоа постепено додавајте ги жолчките, но важно е да се матат на најмала брзина на миксерот.
Измешајте ги брашното и прашокот за печиво и додајте ги во смесата со јајцата, па продолжете со матење на најмала брзина. Истурете ја смесата во калап (20х30 цм) обложен со хартија за печење и печете околу 20 минути во загреана рерна на 180 степени.
Откако ќе се испече пандишпанот, оставете го да се излади во калапот, а подоцна извадете го од калап. Во калапот сипете 450 милилитри слатка павлака, а 50 милилитри оставете ги за подоцна. Нежно превртете го пандишпанот наопаку и вратете го во калапот, па прелијте го со млекото измешано со 50 грама шеќер. Потоа преостанатите 50 милилитри слатка павлака изматете ја со кремот од ф’стаци и премачкајте преку пандишпанот. На крајот, десертот можете да го декорирате со парчиња ф’стаци.