Денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова оствари средба со делегација од единствената политичка партија на Македонците во Албанија – Македонската алијанса за европска интеграција, предводена од нејзиниот претседател, Васил Стерјовски.
„Разговаравме за состојбата на македонското малцинство и односот на албанските институции кон нив, при што укажаа дека се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација коишто го загрозуваат нивниот национален и културен идентитет“, напиша Давкова на својот профил на „Фејсбук“ и додаде:
„Потребен е стратешки пристап во решавањето на статусот и заштитата на правата на македонското малцинство во Албанија, согласно европските и меѓународните документи“.
Денеска остварив средба со делегација од единствената политичка партија на Македонците во Албанија - Македонската...
Posted by Gordana Siljanovska Davkova on Wednesday 5 February 2025