Доведуваат до надуеност и воспалителни процеси: Овие намирници штетно влијаат врз менопаузата, а го отежнуваат и слабеењето

Точка

05/02/2025

17:39

487

Големина на фонт

а а а

Менопаузата носи многу хормонални промени кои можат да го отежнат процесот на слабеење.

Во овој процес метаболизмот се забавува, а телото ја обработува храната на поинаков начин. Поради оваа причина, важно е внимателно да се избере храна и да се користат намирници што помагаат да се регулира нивото на шеќер во крвта, да се намали желбата за храна и да се одржи здрава телесна тежина.


Меѓу храната која е особено штетна за време на менопаузата се и преработките од месо, како што се колбасите, виршлите и сувомесните производи. Оваа храна содржи високо ниво на натриум и конзерванси, што доведува до надуеност и воспалителни процеси во телото.

Бидејќи надуеноста е чест проблем за време на менопаузата, дополнителното внесување на натриум од овие производи само ја влошува ситуацијата. Затоа, д-р Мајкл Лахеј советува консумирање на посни извори на протеини како пилешко без кожа, риба или растителни опции како мешунките, кои се здрав избор за управување со тежината.

Дополнително, вештачките засладувачи делуваат како здрава алтернатива на шеќерот, но носат многу ризици, вклучително и влошување на симптомите на менопаузата и зголемување на телесната тежина.

„Овие засладувачи се штетни за варењето и поттикнуваат поголема потрошувачка на слатка храна“, тврди д-р Лахеј за SheFinds.

Ова може да доведе до дигестивни проблеми и зголемена желба за храна. Наместо тоа, тој советува умерена употреба на природни засладувачи како мед или јаворов сируп.


Исто така, честото консумирање на слатки печива, како кроасани и крофни, може да има негативни здравствени последици, тврди диететичарката д-р Дејна Елис.

„Најнездравата форма се високо преработените јаглехидрати, кои често се наоѓаат во пакуваните печива“, тврди таа.

Овие намирници се лоши за здравјето и тежината и не даваат никакви нутритивни придобивки. Затоа, нивното редовно консумирање може да го забави метаболизмот и да го отежне слабеењето.