Иран: Подготвени сме да ѝ дадеме на Америка уште една шанса

Макфакс

05/02/2025

13:46

458

Големина на фонт

а а а

Иран е подготвен да им даде шанса на САД да ги решат споровите, изјави за „Ројтерс“ висок ирански функционер, еден ден откако претседателот Доналд Трамп ја обнови својата кампања за максимален притисок против земјата.

Официјалниот претставник рече дека Техеран не се согласува со никакво раселување на жителите на Газа, мислејќи на изјавите на Трамп дека САД ќе ја преземат воено разурнатата Газа и ќе создадат блискоисточна ривиера откако ќе ги населат Палестинците на друго место.

„Иран не се согласува со какво било раселување на Палестинците и тоа го соопштува преку различни канали. Сепак, ова прашање и патот на иранскиот нуклеарен договор се две посебни работи и треба да се решаваат одделно“, рече претставникот.

Тој додаде дека Техеран сака САД да го ограничат Израел доколку Вашингтон бара договор со Исламската Република.

Претходно, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека загриженоста на САД за Иран што развива нуклеарно оружје не е комплицирано прашање и може да се реши со оглед на противењето на Техеран на оружјето за масовно уништување.

Трамп во вторникот рече дека ќе биде подготвен да се сретне со својот ирански колега за да се обиде да го убеди Иран да се откаже од она што САД веруваат дека се напорите на Техеран да развие нуклеарно оружје, а во меѓувреме ќе ја обнови кампањата за максимален притисок врз Иран.

Кампањата за максимален притисок врз Иран вклучува напори да се намали извозот на иранска нафта на нула за да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Трамп рече дека Иран е премногу блиску до поседување нуклеарно оружје и дека САД имаат право да ја блокираат продажбата на иранска нафта на други земји.