Алкохолот и ракот се поврзани повеќе отколку што мислите: Пред да испиете уште една чаша, дознајте зошто

Точка

04/02/2025

12:52

1.774

Големина на фонт

а а а

Дури и само еден до два алкохолни пијалаци на ден може да ја зголемат веројатноста за појава на неколку видови на рак, особено рак на усната шуплина, хранопроводникот, дебелото црево, црниот дроб и дојката кај жените, покажуваат истражувањата.

Затоа, во Америка е покрената иницијатива за подигање на свеста за поврзаноста помеѓу алкохолот и ракот, а за секој алкохолен пијалак се предлагаат нови предупредувачки ознаки, слични на оние кои се наоѓаат на тутунските производи.

Според Американскиот институт за истражување на ракот во 2019 година, повеќето луѓе генерално се свесни дека пиењето алкохол го оштетува црниот дроб и предизвикува цироза, но помалку од половина од оние кои пијат знаат дека тоа може да доведе и до рак.


Како алкохолот предизвикува рак?

Постојат четири патишта преку кои алкохолот може да доведе до рак.

Прво, телото природно го разградува алкохолот во ацеталдехид, кој може да ја оштети и разгради ДНК, што потоа доведува до тумори. Оваа врска е толку силна што ацеталдехидот е класифициран како канцероген од 1999 година.

Вториот штетен ефект на алкохолот и пат до можен развој на рак е тоа што алкохолот создава реактивни видови кислород или „слободни радикали“. Тие се познати како нестабилни молекули кои содржат кислород и дополнително ја оштетуваат ДНК.


Третиот начин на кој консумирањето алкохол може да доведе до можна малигна болест е влијанието што го има врз хормоните, како што е естрогенот. Алкохолот може да го зголеми количеството на естроген во телото и на тој начин да го зголеми оштетувањето на ткивото на дојката (повторно оштетувајќи ја на ДНК) што доведува до рак. Оваа поврзаност е особено алармантна бидејќи епидемиолошките податоци покажуваат дека драстично поголем број жени пијат алкохол.

Четвртата причина зошто алкохолот е штетен во контекст на зголемен ризик од рак е фактот што алкохолот е растворувач, што значи дека ја олеснува апсорпцијата на канцерогени материи од други извори, како што се цигарите и вајповите кога се консумираат заедно, што често се случува.