Во најголема тајност, благодарение на сурогат мајка, актерката Лили Колинс и нејзиниот сопруг Чарли Мекдауел станаа родители. Ѕвездата на серијата „Емили во Париз“ и ќерка на легендарниот Фил Колинс ја објави среќната вест на својот официјален инстаграм-профил.
„Добредојде во центарот на нашиот свет, Тоув Џејн Мекдауел. Зборовите никогаш нема да можат да ја искажат нашата бескрајна благодарност за нашата неверојатна сурогат мајка и сите кои ни помогнаа на тој пат. Те сакаме до месечината и назад…“, напиша актерката Лили Колинс покрај фотографијата од нејзиното новородено девојче, изненадувајќи ги апсолутно сите со оваа среќна вест.
Лили Колинс и нејзиниот сопруг Чарли Мекдауел „себично“ го задржаа фактот дека благодарение на сурогат мајка и самите ќе уживаат во родителството, откривајќи им ја оваа информација само на најблискиот круг на луѓе. Затоа и не е чудно што оваа вест предизвика толкав интерес.
Патем, гласините за врската помеѓу 35-годишната актерка и нејзиниот 41-годишен сопруг, режисерот Чарли Мекдауел, започнаа во јули 2019 година, откако тие се запознаа на снимањето на неговиот филм „Позлатен бес“.
„Тоа беше една од оние ситуации кога уште во првата секунда кога се запознавме знаев дека еден ден сакам да станам негова сопруга… Тоа беше само прашање на време“, открила подоцна Лили Колинс.
Свршувачката ја објавија во октомври 2020 година, а венчавката се одржа во септември 2021 година во Колорадо.