[ВИДЕО] Потресно сведоштво: Ја чекал сопругата на аеродромот - Ми напиша ќе бидам тука за 20 минути, потоа ја видов веста

Макфакс

30/01/2025

17:09

2.634

Големина на фонт

а а а

Патниците од кобниот лет на „Американ ерлајнс“, кои требаше да слетаат на аеродромот „Роналд Реган Вашингтон“, на терминалот ги чекаа семејствата и пријателите. Седум минути пред 21 часот по локално време во Вашингтон се случи катастрофа на небото, недалеку од националниот аеродром.

Американски патнички авион се судри со „блек хок“, во кој се наоѓаа тројца војници, непосредно пред слетувањето. Преполовен се урна во реката. Во него имало 60 патници и четворица членови на екипажот. Нив не ги пречекаа најблиските, семејствата и пријателите, пишуваат светските медиуми.

Еден од нив е Хамаад Раза, чија сопруга била во авионот. Само неколку минути пред катастрофата добил порака од неа дека слетува за 20 минути. Тој ѝ одговорил, а неговите пораки престанале да стасуваат.

„Само се молам некој да ја извлече од реката сега додека зборуваме. Тоа е сè за што можам да се молам“, изјави Раза за CNN WUSA.