[ФОТО] Едно од најубавите европски села: Местото во кое „владее“ вечна пролет

Точка

28/01/2025

15:13

2.738

Големина на фонт

а а а

Тврдењето дека Залипие е најубавото село во Полска не е само празна придавка, туку титула која му е доделена безброј пати во медиумите, патописите, туристичките реклами. Причината за неговата убавина е повеќе од очигледна. Имено, целото село е насликано со шарени цветни дезени кои потсетуваат на оние од народните носии.

Не се насликани само старите дрвени куќи, туку и куќичките за кучиња, мебелот, облеката, шталите, мостот преку потокот, бунарите, локалната црква. Што и да погледнете во Залипие, ќе забележите дека е обоено во бои и дезени, но не на кичест и вештачки начин. Наместо тоа, сè изгледа некако хармонично и романтично.



Дури и процесот на сликање на селото започна автентично, како одраз на практичните потреби на неговите жители. Пред околу сто години, локалните жени започнаа со сликањето за да ги „закрпат“ недостатоците на нивните куќи бидејќи немале доволно финансиски средства за поправки.




Опремата која ја користеле била од сопствено производство. Малку дрво, малку влакна од опашките на кравите, и добиле четки за сликање. Веселата навика почна да се пренесува од колено на колено, а во меѓувреме буквално процвета и се прошири на… Па, на сè. Исто така оваа традиција не престана ниту во текот на воениот период. Ако ништо друго, тогаш беше потребна повеќе од кога било.




Инспирацијата ја пронашле во природата околу нив, но и во народните приказни и верувања. Најпознатата жителка на ова село, Фелича Курилова, во средината на минатиот век ја наслика целата своја куќа одвнатре и однадвор. Денес, нејзината куќа во ова прекрасно село стана еден вид на музеј и може да се посети, но и да послужи како инспирација за реновирање на домот.




Веќе се насетува нов тренд на Инстаграм, но ништо нема да биде оригинално и слатко како ова. Затоа, доколку сакате да го посетите ова фотогенично село, упатете се кон југот на Полска. Залипие се наоѓа на само час и половина возење од Краков и би било штета се пропушти.