Сите жители на ова место мораат да се отселат на период од 10 години: Селото „одлета“ во воздух во 1947 година, а сега демне нова опасност

Точка

29/01/2025

16:39

3.014

Големина на фонт

а а а

Швајцарија е земја позната по прекрасните пејзажи и идилични градови, но и по воената неутралност. Меѓутоа, и покрај сето ова, има огромна мрежа на воени утврдувања и складишта лоцирани на крајно несоодветни места.

Швајцарската војска дури со децении фрлала оружје во живописните езера, а дури неодамна беше истакнато дека тоа можеби и не е толку безбедно и дека проблемот треба да се реши.

За време на двете светски војни била изградена мрежа од складишта и утврдувања со цел земјата да биде подготвена да се брани во случај на потенцијална инвазија.



Бункерите ширум земјата беа наполнети со оружје, муниција и храна, но непријателот никогаш не пристигна.

Меѓутоа, се појави друга опасност.

Еден од најголемите воени магацини во Швајцарија е изграден во 1941 година во Митхолц, град околу 50 километри оддалечен од Берн.

Местото е избрано поради огромниот камен ѕид кој достигнува и до 100 метри височина.

За складирање на муницијата беа ископани тунели долги околу 150 метри, а транспортот се вршеше преку блиската железничка пруга. Кога складиштето било завршено во 1945 година, во него имало околу 7.000 тони муниција.

Како Митхолц „одлетал“ во воздух?

Швајцарското село Митхолц, со своите 170 жители, на прв поглед изгледа прилично идилично, меѓутоа, го прогонува неговата трагична историја.

Во подножјето на Алпите се наоѓаат куќи стари 200-300 години, но не и во Митхолц – сите градби таму се изградени во иста година – 1948.

На некои од нив има натпис: „Она што е уништено за миг не може да се врати. Сега со надеж гледаме кон иднината“.

Имено, на 20 декември 1947 година се случи страшна експлозија во која загинаа девет лица, а многумина беа повредени. Селото требаше да биде безбедно, но 3.000 тони експлозив детонирани таа ноќ го направија инцидентот најголемата експлозија во тоа време (несметајќи ја нуклеарна експлозија).

„Една ноќ, кога имав 12 години, мајка ми, баба ми и јас длабоко спиевме. Одеднаш нè разбуди силна експлозија. Имаше чад и топлина, куќата беше во пламен! Мораме да избегаме одовде, извика мајка ми во паника“ – се потсети Ида Штајнер за Би-би-си.

Почнале да бегаат, но бидејќи тогаш беше крај на декември, снегот бил длабок и им било тешко да се движат.

„Мајка ми мораше да ја носи баба ми на грб“, рече таа.

Ида и нејзиното семејство успеале да избегаат, но многу локални жители ја немале истата среќа.


Куќите беа уништени, снегот беше во боја на јаглен, а детонацијата се слушна дури до Цирих, 160 километри подалеку.

Прозорците беа искршени, ѕидовите беа срамнети со земја, а во некои објекти беа забележани неексплодирани гранати.

Половина час подоцна се слушнала уште една силна експлозија која го уништила влезот во депото и целосно ја затрупала железничката станица. Следеа серија експлозии, а едни од жртвите беа и шефот на станицата и неговиот син.


Денес, планината над Митхолц буди горчливи спомени. Селските куќи биле повторно изградени во текот на следните година, а животот го вратил својот навидум безгрижен тек. Повеќето семејства кои денес живеат во селото се таму со генерации, но нивните маки не завршија.

Тие треба да се евакуираат на период од 10 години

Опасноста сè уште демне под урнатините. Студијата од 2018 година покажа дека сè уште постојат 3.500 тони неексплодирани убиствени средства под планината и сè може да ги активира – бура, лавина, деградација на самата муниција …


Нова катастрофа може да се случи во секој момент или за сто години. За да не се ризикува повеќе, конечно беше одлучено во 2020 година да се исчисти старото воено складиште што може да чини околу 1,06 милиони евра бидејќи треба да се отстрани големо количество камења, а самата операција претставува голем ризик.


Властите утврдија дека 170 жители на Митхолц мораат да го напуштат селото меѓу 2030 и 2040 година. Првите евакуации се очекува да започнат следната година, а Митхолц би можел да стане вистински град на духови во следната деценија.

Многу локални жители се огорчени затоа што не знаат каде да одат, а голем број од нив се родени во Митхолц и не им е лесно да го напуштаат градот и покрај тоа што тој беше погоден од големи трагедии.