Пиштол и 263 куршуми најдени во куќа во Дреновец

Макфакс

26/01/2025

14:12

865

Големина на фонт

а а а

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат за одземени пиштол и 263 куршуми при претрес во дом на 46-годишно лице од Дреновец.

-Вчера во периодот од 10:45 до 11:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР – Тетово извршиле претрес во домот на С.С. од Дреновец – Тетово. За време на претресот биле пронајдени и одземени пиштол „црвена застава“ и 263 куршуми калибар 9 милиметри, соопштуваат од МВР.


По целосно расчистување и документирање на случајот, како штододаваат, ќе следува соодветна пријава.