Овој град можеби мириса на расипани јајца, но е едно од најубавите места во светот.
Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор за прекрасно место чијшто единствен недостаток е непријатниот мирис кој потсетува на расипани јајца, а кој може да се почувствува во секој агол на овој прекрасен регион.
Поради својата богата геотермална активност, има масивни гејзери, термални базени, кисели езера и пејзажи кои изгледаат како да сте на друга планета.
Меѓутоа, целата оваа убавина има своја цена – самото количество на активност значи дека сулфурот лебди во воздухот, правејќи целиот град да мириса на јајца.
За доживување на овие неверојатни глетки, посетата на Портата на пеколот е апсолутно задолжителна.
Ова геотермално одморалиште е исто така бања и одморалиште каде што можете да се капете во базени со кал.
Роторуа исто така е едно од првите места каде домородните Маори се населија во Аотеароа (маорското име за Нов Зеланд).
Геотермалната енергија во регионот им овозможи да готват, чистат и да ги греат домовите, а езерото Роторуа им обезбеди свежа вода за пиење.
Исто така „Портата на пеколот“ нуди увид во животот на Маорите. Таму можете да се обидете со традиционалната маорска резба или да пробате вкусно традиционално зготвено ханги – оброк зготвен во земја, со употреба на геотермална топлина.
Друга неверојатна работа која може да се види во Роторуа е Те Пуја – традиционалното маорско село кое не само што е главна туристичка атракција, туку и игра клучна улога во зачувувањето и промовирањето на маорската култура.
Те Пуја е полигон за обука на младите Маори во традиционалните уметности на резба, ткаење и изведувачки уметности. Доколку размислувате да го посетите овој прекрасен град, не грижете се за мирисот на сулфурот, пренесe Експрес.
Многу патници кои биле во Роторуа потврдија дека тоа е град кој има многу да понуди и по неколку часа талкање низ градот нема ни да го забележите мирисот на сулфур – бидејќи има премногу нешта за уживање.