Камерон Дијаз се врати од привремената пензија за снимањето на филмот „Back in Action“ со Џејми Фокс, а наводно потпишала договор со Нетфликс за овој и уште еден филм - за што била платена 45 милиони долари.
Бројни обожаватели на Дијаз се израдуваа кога во 2022 година беше објавено дека актерката ќе се врати во филмот по 10-годишната пауза. Таа продукција на крајот резултираше со филмот на Нетфликс „Back in Action“, во кој таа се појавува со Џејми Фокс.
Комплексниот модел на филмска продукција на Нетфликс неодамна беше анализиран во обемна приказна објавена од Блумберг. Во неа конкретно се наведени методите и стратегиите кои ги применил Ден Лин, кој беше назначен за претседавач на Нетфликс.
Меѓу темите за кои се дискутира во статијата се пријавените обиди на Лин да ги држи трошоците под контрола. Меѓутоа, и покрај ова, изворите велат дека тој направил сѐ за да ја врати актерката од пензија, бидејќи наводно ѝ биле ислатени 45 милиони долари за да се појави во двата филмови.
Иако оваа сума на пари звучи како премногу, особено за актерка која не глумела во филмови од 2014 година, сепак Камерон Дијаз има низа хит филмови во нејзината кариера. Така, теоретски, може да се разбере зошто стриминг гигантот бил нетрпелив за постигнување ваков договор. Имајќи предвид дека филмот „Back in Action“ по само три денови од објавувањето стана најгледан на платформата на глобално ниво, ова делумно го оправдува вложувањето.
Дијаз претходно зборуваше за враќањето на актерството, но не ги спомена парите. Таа претходно откри дека одлучила да замине во привремена пензија бидејќи сака да биде слободна и сака да биде само сопруга и мајка.
Исто така актерката неодамна проговори за тоа што го поттикнало нејзиното враќање, при што кажа дека не можела да ја одбие понудата од нејзиниот добар пријател Џејми Фокс.
Филмот „Back in Action“ ја остава вратата отворена за продолжение, а со оглед на тоа што ѕвездата на „Bad Teacher“ се согласи да работи и на друг филм, продолжението може да се очекува.
Нетфликс сè уште не најави ништо, што не изненадува со оглед на фактот дека филмот дебитираше дури во петокот.