Иако Меган Маркл постојано промовира бескрајна и безусловна љубов, одговорот од претплатниците на Нетфликс и јавните критичари беше далеку од топол.
Наместо тоа, нејзиниот лик и дело добија лавина од негативни коментари.
Маркл, војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, се враќа на малите екрани со новото шоу „Со љубов, Меган“ на Нетфликс. Серијата од осум епизоди, првично закажана за 15-ти јануари, беше одложена поради пожарите во Лос Анџелес и ќе започне со емитување на 4-ти февруари. Шоуто е најавено како животен стил каде Маркл споделува совети за готвење, градинарство и домаќинство заедно со познати пријатели. Но, критичарите веднаш ја нападнаа, нарекувајќи го шоуто „лажно“ и „досадно“.
Иако Маркл се обидува да понуди автентичност, критичарите укажуваат на несоодветности. „Со љубов, Меган“ е снимено во изнајмена куќа со градина што не е нејзина, што предизвика бурни реакции. „Што е автентично во тоа да се преправате дека е вашата куќа (не е), ова е вашата градина (не е), а десертот што го подготвувате е дело на некој друг“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.
Љубовната приказна на Меган и Хари отсекогаш беше под будното око на јавноста. Нивната претходна документарна серија за животот по напуштањето на кралските должности беше најгледана во Обединетото Кралство во 2022 година и голем успех за Нетфликс.
Иако „Со љубов, Меган“ привлекува контроверзии, факт е дека војвотката заработи милиони од проектот. Додека критичарите ја осудуваат, таа ужива во својот луксузен дом во Санта Барбара, далеку од кралските должности, но блиску до центарот на вниманието што никогаш навистина не го напушти.