Јермак: Бразил може да одигра важна улога во враќањето на праведниот мир за Украина

Макфакс

15/01/2025

12:20

239

Големина на фонт

а а а

Бразил може да одигра важна улога во враќањето на стабилен и праведен мир за Украина и враќањето на украинските деца депортирани во Русија, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, за време на онлајн разговор со претставници на бразилските медиуми.

Тој нагласи дека руската војна против Украина им донесе страдање на милиони Украинци, а нејзините последици го погодуваат целиот свет, бидејќи сојузот меѓу Русија, Северна Кореја, Иран и Венецуела се зајакнува, објави веб-страницата на украинскиот претседател.

„Заедно тие го уништуваат светскиот поредок, создаваат хаос, бидејќи хаосот е свет во кој владее сила. Тие поттикнуваат регионални конфликти како дел од глобалната војна против демократиите“, посочи Јермак.

Тој истакна дека моменталната ситуација на фронтот е тешка и дека руската офанзива продолжува.

– Во меѓувреме, руската пропаганда продолжува да го убедува светот во неизбежноста на глобалниот заговор, дека рускиот диктат е иднината без алтернатива. Дефинитивно не е така, но мора да бидеме силни за да го осуетиме овој план – заклучи Јермак.