Маск одлучи да го собори Стармер! Незадоволен од мешањето во германските избори, сега го обвини британскиот премиер дека е „соучесник“ во силување

Точка

09/01/2025

22:23

2.013

Големина на фонт

а а а

„Фајненшл тајмс“ дознава дека Маск бара начини да го собори британскиот премиер Кир Стармер.

Илон Маск, јужноафриканско-американскиот милијардер, одржал приватни разговори со сојузници за тоа како да го симне Стармер пред следните општи избори во Обединетото Кралство.

Ова го објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ), повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

Весникот потсетува дека Маск, најбогатиот човек на светот и клучна личност од доверба на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, „испитува терен“ за тоа како, со поддршка на екстремно десничарски сојузници, би можел дополнително да ја дестабилизира британската лабуристичка влада, надвор од влијанието што веќе го остварува преку агресивни објави на својата социјална мрежа Х.


Минатиот месец Маск изрази поддршка за антиимигрантската партија Алтернатива за Германија (AfD) пред изборите закажани за 23 февруари, што предизвика гнев кај сите водечки партии во земјата.

Тој неколкупати ја коментираше британската политика, повикувајќи на оставка од премиерот Стармер.

„Смета дека самата западна цивилизација е под закана“, изјави еден од изворите за ФТ.

Наводно, Маск собирал информации за можноста да ја зголеми поддршката за алтернативни политички движења во Британија, особено за десничарската популистичка партија Реформа на Обединетото Кралство, со цел да изврши притисок за смена на премиерот пред изборите.

Шефот на Tesla, SpaceX и X покажал засилен интерес за британската политика во последните шест месеци и сè почесто ја критикува владата на Стармер.


Минатата недела Маск повика на национална истрага за старите случаи на сексуална експлоатација на девојчиња од банди составени претежно од британски државјани со пакистанско потекло, што се случиле во неколку градови низ Обединетото Кралство.

Маск го обвини Стармер, поранешен директор на Јавното обвинителство во Англија и Велс, дека е „соучесник“ во силувањата во Британија.

Исто така, ја нападна Џес Филипс, државен потсекретар за жени, нарекувајќи ја „апологет за геноцидно силување“ откако таа го одби барањето на властите во Олдам, дел од Манчестер, за истрага за сексуална експлоатација на девојчиња.

Стармер категорично ги отфрли критиките од Маск за неговата работа како обвинител.

Тој изјави оваа недела дека оние кои „шират лаги и дезинформации“ не се заинтересирани за жртвите, туку за „себеси“.


„Фајненшл тајмс“ побарал коментар од Маск за извештаите дека планира да го собори Стармер.

Весникот потсетува дека минатиот викенд Маск направи шокантен потег дистанцирајќи се од Најџел Фараж, лидерот на партијата Реформа, кој се надевал на големи донации од милијардерот.

Маск изјави дека „Реформа на Обединетото Кралство“ има потреба од нов лидер и дека „Фараж го нема она што е потребно“.