[ВИДЕО] Сашо Мијалков снимен во Монте Карло со луксузен автомобил - ужива во животот и парите

Нетпрес

08/01/2025

13:29

8.176

Големина на фонт

а а а

Поранешниот директорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков е снимен во Монако како излегува од луксузен автомобил „ферари“ и влегува во скап хотел, објави Скопје1.


Според податоците достапни на интернет, автомобилот „Ферари“ со кој е забележан Мијалков, чини од 629,990 до 709,900 долари.

На видеото може да се забележи како тој пристугнува, го остава возилото на паркирање и заедно со неговата сопруга влегува во хотелот.

Мијалков доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Од сите, ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде што можеше преку ден да биде надвор, а навечер да се врати во затворот.

Извор: Скопје 1