[ВИДЕО] Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета: „Лета 12 пати побрзо од звукот“

Макфакс

07/01/2025

15:45

2.201

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше успешното тестирање на новата суперсонична балистичка ракета со среден дострел, објави државната новинска агенција КЦНА, која сподели и видео од тестот.

Ракетата прелета околу 1.500 километри со брзина 12 пати поголема од брзината на звукот и достигна максимална височина од речиси 100 километри пред да слета токму на својата цел долж источниот брег, се вели во соопштението.

Во моторот на ракетата се користени нови композитни материјали од јаглеродни влакна, а проектилот може „ефикасно да навлезе во секоја густа одбранбена бариера и да му нанесе сериозен воен удар на непријателот“, нагласи КЦНА.