За да се реши загадувањето потребна ни е изградба на гасни централи што би траело и до 3 години, вели Мицкоски

Макфакс

07/01/2025

14:43

892

Големина на фонт

а а а

Гасните централи би можеле да го решат загадувањето, но тоа е процес што би траел со години.

Премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за загадувањето рече дека единствениот начин за намалување на загаденоста е во периодот од ноември до март да се смени системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива, меѓу кои и централното затолување.

„За да се случи тоа потребно е да се изградат гасни централи, а ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од инвеститорите е заинтересиран да изгради такви гасни централи, но за тоа ќе треба време најмалку 2до 3 години додека профункционира, а за да се изградат топловоди можеби и 5 до 6 години“, рече Мицкоски, потенцирајќи дека одговорот го дава како инжинер.

Премиерот изрази жалење што досега ништо во таа насока не било направено, додавајќи дека сега политички глодари се обидуваат на нивен глодарски начин да собираат поени, но нема да успеат.

Мицкоски одговараше на новинарски прашања по завршувањето на централната литургија по повод Божиќ.