Времето утре ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе се задржат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка. Во петок попладне и за време на викендот ќе има повремени врнежи кои најпрво ќе бидат од дожд, а поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер постепено ќе преминуваат во снег.