Пропаднатата кинеска марка на автомобили ги распродаде возилата по цена од 2.500 евра!

Точка

06/01/2025

12:41

13.445

Големина на фонт

а а а

Брендот "Jiuye" имаше амбициозни планови да лансира неколку луксузни модели.

Кинескиот производител на електрични автомобили "Jiuye", делумно во сопственост на групацијата "Geely", продаваше возила за само 2.500 евра. Овој потег доаѓа по период на финансиски проблеми и пад на продажбата на автомобилската марка.


"Jiuye" имаше амбициозни планови да лансира неколку луксузни модели, од кои еден дури ја освои престижната награда за дизајн "Red Dot". Сепак, успехот не се оствари, бидејќи во Кина беа продадени само 14.000 возила.


Денес се чини како овој бренд да се приближува до банкрот. Сопствениците, "Geely" и "Baidu", наводно одбиваат дополнително да инвестираат во компанијата, што предизвика фрустрација кај вработените. Во декември, гневните работници ги опседнаа канцелариите на компанијата, незадоволни од неисплатените плати и отсуството на компензации.


Според пишувањата на кинеските медиуми, финансиските проблеми очигледно се преголеми за компанијата да продолжи со работа. "Baidu" го откри обемот на проблемот за време на анализа во октомври и одлучи да го прекине финансирањето.