[ВИДЕО] Фицо му се налути на Зеленски, Украинците во Словачка остануваат без помош

Макфакс

04/01/2025

11:03

2.940

Големина на фонт

а а а

Словачка подготвува контрамерки против Киев поради одлуката на украинските власти да го запрат транзитот на руски гас низ територијата на Украина, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Во видеото објавено на „Фејсбук“, тој го обвини претседателот на Украина Володимир Зеленски за саботажа, откако Киев одби да го продолжи договорот за транзит на руски гас, со што беше прекината испораката на тој енергенс до членките на ЕУ како Австрија, Унгарија и Словачка.

Фицо нагласи дека ситуацијата е исклучително сериозна и бара суверен одговор од Словачка.

Според него, Словачка ќе губи стотици милиони евра годишно поради прекинот на транзитот на гас. Словачкиот државен увозник на гас SPP најави дека самото наоѓање алтернативен извор на гас ќе доведе до дополнителни трошоци од најмалку 90 милиони евра.

„Единствената алтернатива за суверена Словачка е продолжување на транзитот или свртување кон механизми за компензација кои ќе компензираат загуби во јавните фондови од речиси 500 милиони евра“, нагласи Фицо.

Ukrajinský prezident V. Zelenskyj začal páchať sabotáž na verejných financiách SR a poškodzovať finančné záujmy celej EÚ. Slovensko musí ukázať, že je suverénnou krajinou.

Posted by Robert Fico on Thursday 2 January 2025

Тој рече дека партијата СМЕР-ССД е подготвена да одржи дебата и да се договори со коалицијата да го прекине снабдувањето со електрична енергија и значително да ја намали поддршката за украинските граѓани во Словачка, потсетувајќи дека околу 140.000 украински бегалци моментално користат програми за помош во таа земја.

Фицо истакна дека само САД имаат корист од процедурата на Зеленски, која го зголеми извозот на гас во Европа, додека Русија не претрпе значителна штета, а Словачка сноси повисоки трошоци за енергија.

Зеленски претходно го обвини Фицо за „координација со Москва“ и ја опиша позицијата на словачката влада како „втор енергетски фронт против Украина“. Словачкото Министерство за надворешни работи ги отфрли ваквите изјави како „неосновани глупости“.