Ова е најпродаваниот автомобил во САД веќе 43 години

Точка

02/01/2025

18:02

4.527

Големина на фонт

а а а

“Ford” објави дека нивниот пик-ап од серијата “F” е најпродаваниот автомобил во САД и минатата година. Ова не е изненадување бидејќи “F-Series” е неприкосновен шампион во продажба во САД со децении. “Ford” истакнува дека овој модел е најпродаваниот пик-ап во САД 48-ма година по ред и најпродаван автомобил во САД 43-та година по ред.

Продажбата на серијата “F” до крајотна третиот квартал оваа година изнесува 550.835 автомобили, што претставува благ пад од 3,9 отсто, пишува “Autostart”.


“Ford” тврди дека „успехот на серијата “F” е изграден врз посветеноста на Ford да понуди разновидна палета на погонски единици за да ги задоволи потребите на секој клиент“. Ниту еден друг производител не нуди избори што ги прави “Ford”. Од „работни коњи“ на бензин и дизел до верзии “PowerBoost Hybrid” и целосно електричниот “F-150 Lightning”.


Компанијата истакна дека има продадено повеќе од 33 милиони пикапи од серијата “F” од 1977 година и го истакна фактот дека “F-150” оваа година ќе ја прослави својата 50-годишнина.