Соња Исаза, сопруга на фудбалерот Артуро Видал, со својот танц ги запалила социјалните мрежи.
За време на новогодишната прослава, Видал сподели неколку видеа на социјалните мрежи. Фокусот бил на неговата секси сопруга кога таа танцувала и го „мрдала“ задникот.
Инаку, Соња е фитнес убавица. Со Видал е во врска од 2019 година, парот извесен период раскина, но во меѓувреме многу брзо се смири. Фудбалскиот ас има две деца со поранешната сопруга Марија Тереза.
Соња е исклучително популарна на Инстаграм каде објавува кадри од теретана, но и провокативни фотографии во костим за капење. Не е срамежлива, а минијатурните костими едвај ги покриваат интимните делови од телото.
Видал, кој моментално игра за Коло Коло, пред два месеци беше обвинет дека дрогирал и силувал жена во ноќен клуб. Прво беше приведен, но многу брзо ослободен. Познатиот фудбалер наводно заедно со неколку соиграчи од Коло Коло ја дрогирал девојката, а потоа и сексуално ја нападнал, пренесуваат тамошните медиуми. Тогаш извесен инфлуенсер Силе Сајор се огласил и рекол дека немало сексуален напад и дека се е лага.
Видал одлучи да ја заврши фудбалската кариера во Коло Коло, откако фудбалскиот пат го започна во познатиот чилеански клуб. Играше за Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен, Барселона, Интер, Фламенго и Атлетико Паранаенсе. За репрезентацијата на Чиле одигра 141 натпревар и постигна 34 гола.