Иако поранешната холивудска двојка конечно го реши разводот, тие сè уште се расправаат за лозјето Шато Миравал во Франција.
Бред Пит и Анџелина Џоли конечно постигнаа договор за развод, ставајќи крај на осумгодишната разводна сага. Документите беа официјално потпишани во понеделникот, на 30 декември. Сепак, спорот за францускиот замок и винаријата што заедно ги купија останува нерешен.
Адвокатот на Џоли, Џејмс Сајмон, изјави дека таа е „среќна“ што барем еден дел од сагата со Бред Пит е завршен.
Искрено, Анџелина е исцрпена – рече Сајмон.
Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г. Пит. Таа и децата го напуштија имотот што го делеа со него и оттогаш се фокусираше на пронаоѓање мир за своето семејство – додаде тој.
И покрај решението за разводот, судската битка за лозјето Шато Миравал продолжува. Пит тврди дека Џоли го продала својот удел во винаријата на Групацијата Столи без негова согласност.
Извор за DailyMail изјави дека и двете страни се подготвени случајот да оди на судење со порота или да се реши преку посредување.
Можела да го тужи за насилство, но не го сторила тоа
Инсајдер запознаен со ситуацијата откри дека Џоли „се труди да остане оптимист по мрачното време“.
Таа не зборува лошо за него, ниту јавно, ниту приватно – изјави изворот.
Џоли поднесе барање за развод во септември 2016 година, само две години откако тие се венчаа. Двојката беше во врска десет години пред да одлучат да стапат во брак. Во деновите пред разводот, парот и нивните шест деца патувале со приватен авион, каде што, според извештаите, дошло до инцидент во кој Пит наводно се однесувал агресивно. Сепак, тој никогаш не беше обвинет.
Изворот додаде:
Таа можеше да поднесе тужба против него, но не го направи тоа. Сè што сакаше беше децата да ја добијат поддршката што им е потребна за да се излекуваат. Пит успешно ја искористи својата моќ и привилегија за да го прикрие своето однесување, дури обидувајќи се да ја прикаже како причина за неговиот сложен однос со децата.